Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски вели дека ќе и предложи на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска главната гаража на ЈСП да биде префрлена на друга локација во општината.
Ние располагаме со државно земјиште, кое ќе и го предочам на градоначалничката, за да размислат за префрлање на таа базна станица на друга локација, да го ослободиме централниот дел на Ѓорче. Тука би можеле да направиме нови паркови содржини во тој дел. Едноставно најурбаниот дел на Ѓорче Петров ни е окупиран со гаражи. Јас повеќе би се насочил во тој дел, во однос на тоа што ќе го барам како градоначалник на Ѓорче Петров. Она на делот на БРТ не би можел да изнесам повеќе факти, бидејќи реално не ми се познати“,кажа Алекснадар Стојкоски, градоначалник на Ѓорче Петров.
Comments are closed for this post.