Венко Филипче и Зоран Заев можеби направија еден привиден трик и димна завеса за да можат да се извлечат од овој скандал.Собранието не може да заседава затоа што над пет пратеници се и канидати за градоначалници до првиот круг, но може да заседава од првиот до вториот круг. Ние имавме и барање да се стави оставката на Венко Филипче, побаравме и владата писмено да ја достави, но неговата оставка се уште не е стигната, вели Бојан Стојаноски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за Република“.
Тоа е уште еден од оние трикови каде што после секој скандал се формира комисија а за многу скандали истрагата се уште не е завршена и никогаш оној што е главен виновник не одговара и пред јавноста и пред институциите. Тие бегаа од медиумите, велеа дека не е сега момент да се поставуваат прашања додека нацијата е во жалост.Нацијата се уште е во жалост но оние семејства што ги загубија своите најблиски ги немаат одговорите зошто се случи тоа.Од друга страна Филипче гостува на партиските митинзи целиот насмеан и со позитивна енергија и не убедува дека тоа е најдоброто за општините.Ако тоа е најдоброто за општините го покажува најнеспособниот министер кој на своја душа има толку смрт и разочарување нема што да се додаде.Што поскоро тој си замине ќе се спасат многу животи. На овие луѓе им е најважно да врват тендерите и ќе направат се да не замине од позицијата.Неколку дена пред трагичниот настан Филипче потпишал тендери од над 50 милиони евра
Comments are closed for this post.