Заев продолжува со манипулациите за измените на Уставот во чиј што текст повеќе нема да смее да се употреби Република Македонија, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според Стоилковски многу од прашањата уредени во договорот, не се опфатени со уставните измени. Како пример ги посочи, придавките македонско/македонска/македонски, кои согласно чл. 7 од Договорот мора да бидат дообјаснети. Исто така и кај македонскиот јазик мора да има објаснување како што стои исто во чл. 7, точка 4 од Договорот од Преспа.
На крајот портпаролот на ВМРО-ДПМЕ подвлече дека граѓаните му свртеле грб на договорот од Преспа, па затоа крајно време е власта да си замине.
Прес конференцијата за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ви ја пренесуваме во целост:
Comments are closed for this post.