Зоран Зaев е „aлфа и oмега“ во мега-аферата „ШИК Јелак-Тетово“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Зоран Заев нарачува гласање за Детален урбанистички план, Зоран Заев е мотиватор за носење на Детален урбанистички план, Зоран Заев во февруари издејствувал согласност од Владата за Детален урбанистички план, Зоран Зaев е „aлфа и oмега“ во мега-аферата „ШИК Јелак-Тетово“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Зоран Заев вчера јавно призна дека стои зад сиот скандал со „ШИК Јелак“ во Тетово. Почитувани, Зоран Заев останува недопирлив за овој корумпиран правен систем којшто сам го воспостави во Македонија. Ова е скандал со кој што на контроверзниот балкански бизнисмен, а според многумина руски играч во регионот, Миодраг Давидовиќ-Дака, со пари од офшор фирма од Панама, добива огромен градежен имот во Тетово. Според ДУП-от предвидени се дури 27 станбени згради високи до седум ката и четири големи трговски единици, од кои една огромна. Можеби тоа е тој трговски центар на кој што од Дака, од него е барано како што раскажува да има бензинска пумпа на влезот? И во разговорот објавен на интернет, овој на кој што се повикав, Дака раскажува дека извесен Зоки бил кај него со жена за да „ВЦРТААТ“ бензинска пумпа и што ли уште не. Почитувани „вцртување“ е израз кој што го користат урбанисти кога се планира Урбанистички план – обвини Стоилковски.
Затоа ли Дака, додаде тој, финансирал референдум, требало да финансира избори, дал 300.000 евра, договорил Бензинска пумпа, внимавајте доделува уште 2.000 квадрати од плацот на ШИК Јелак за кој се изгласува ДУП?
Зоран Заев, почитувани, вчера призна дека бил мотиватор за носење на ДУП, а при консултации, нарачал ДУП-от за „ШИК Јелак“ да мине на тетовскиот совет. А сето тоа откако во февруари истиот ДУП минал низ Владата. ЈО за организиран криминал мора да поведе истрага, а Зоран Заев мора да одговори за целиот скандал. Тоа што Заев јавно вели дека „нема докази“ не смее да биде појдовна точка за ЈО на Вилма Русковска, доколку навистина сака да остави впечаток дека не дозволува политички УВИД во предметите во ЈО. Ова е сериозен криминал за кој врвот на мафијата на чело со Заев мора да одговара. Или Мафијата или Македонија – рече Стоилковски.
Comments are closed for this post.