Криминогената хунта за да има повеќе пари за министри, крати од пензиите, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мила Царовска, јасно и гласно вели – или ќе ги замрзнеме пензиите или ќе работите до 67 години! Во превод нема пари во државата за пензии! Тоа се реформите препознатливи за СДСМ. Две години предупредуваме дека економијата пропаѓа, дека има само задолжувања, дека државата ќе дојде до степен да нема пари за пензии. Две години лажеа дека согласно со изборната програма нема да има кратење на пензии или зголемување на старосната граница за пензионирање, туку дека ќе има можност за предвремено пензионирање до максимум пет години, изјави, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според Стоилковски со законските измени се крати процентот за раст на пензиите кој што го следи растот на просечно нето исплатената плата за сите вработени во Република Македонија.
Криминогената хунта во владата не пропушта да си ги качи платите на министрите, не пропушта да дозволи поголеми плати на административците кои одработуваат за нив, не пропуштаат тендери и државни фондови, ама за пензионерите пари нема! Е па така е тоа кога се нема чувство дека немаат сите станови за издавање за 5..000 евра, немаат сите компании за продавање на грчки компании, немаат сите бишкарник – менувачници!, вели Стоилковски.
Comments are closed for this post.