Секому му е јасно дека „Рекет“ не застанува на тројцата обвинети и дека спрегата на Зоран Заев со обвинитеството во пупка ги кријат вистинските лица кои што стојат зад најголемата криминално – рекетарска афера, најголемото криминално здружување, државната мафија во Македонија, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој побара Заев, владата и обвинителството да одговорат, дали рекетарската шема е сочинета од следните луѓе:
1.Точно ли е дека „Професорот“ вклучен во рекетарската мрежа е доскорешен кандидат за претседател на државата, долгогодишен професор на правниот факултет „Јустинијан Прима“ во Скопје, лустриран за соработка со службите?
2.Точно ли е дека „Советникот од странство“ вклучен во рекетарската мрежа, е еден балкански мешетар, со искуство во енергетиката, кој што Зоран Заев го довлечка од Белград во македонската влада, а за кого што балканските политичари го предупредуваа Заев?
Comments are closed for this post.