Правосудниот систем е пред испит дали ќе се казни изборниот инженеринг или Македонија ќе продолжи да тоне по сите параметри што значат демократијата, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Пред Управниот Суд во Скопје е тужбата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ. Тужба која се однесува на одбиениот приговор од Државната изборна комисија за гласачко место во Ново Село.јасно е дека е прекршен и изборниот законик и е постапувано спротивно од Упатството за ракување со доверливиот материјал. Јасно е дека и ДИК увидела повеќекратно прекршување, заради што се и разрешени и членовите на Избирачката комисија за Избирачкото место и членовите на Општинската Комисија. Исто така Факт е дека резултатот од гласањето на ова Избирачко место влијае на конечниот резултат за избор на градоначалник на општина Ново  Село“, рече Стоилковски.

Тој вели дека на ова избирачко место се случиле прекршувања на Изборниот законик, но и текот на движењето на изборниот материјал отвора многу голем сомнеж пред јавноста.