Опозицијата не се консултира за ниту едно битно прашање, тука е прашањето за Бугарија, прашањето за образовните реформи и итн. Нема прашање кое што ја тангира јавноста, а власта да не најде начин да ја бајпасира што велите вие опозицијата, односно сама да си истурка закон по скратена постапка, со европско знаменце, било како, ќе насети дека таму има Комисија кај која што треба да помине некој закон а дека опозицијата може да даде амандмани како што беше за пописот. Едноставно власта се труди од петни жили да го заобиколи сиот тој систем поставен токму за демократска контрола нели на законите што се предлагаат во владата и да си донесе закон, да си истурка закон на сметка на еден или два гласа повеќе во Собранието, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски при своето гостување на утринска на Алфа телевизија.

Стоилковски додаде дека токму оваа практика на власта не дава никаква слика за демократски реформи.

Што е најстрашно велат дека методологијата на пример за пописот ќе се објави понатаму. А, многу е интересно кој ќе ја сноси одговорноста при евентуален пропаст на попис. А, луѓе веќе најавуваат, тоа не се луѓе поттикнати како што велат од политичка партија. Едноставно луѓе не веруваат на оваа операција наречена попис. Луѓе не веруваат дека институциите во Македонија имаат капацитет да спроведат реален попис. Тоа е страшно“, рече Стоилковски.

Стоилковски посочи дека што е страшно што ноторијатот од Водно односно претседателот Стево Пендаровски го потпиша овој закон за спроведување на операцијата попис иако велеше дека ќе се консултира со врвни експерти.

Погледнете ги законите еве во регионот, во Хрватска и Бугарија, внатре стои што ќе се попишува, како ќе се попишува , имаат точни дефиниции за се, појасни Стоилковски.

Стоилковски рече дека пописот сега во моментов е само врвот на нешто. Проблемите ги има насекаде поради неспособноста на оваа власт, тука е проблемот со образовната реформа, проблемот со датумот за евроинтеграции, проблемот со Бугарија, проблемот со корупцијата, проблемот со економијата, со рецесијата, проблемот со здравството, проблемот со пензиите кои што се намалуваат и итн.

Ние можеме и со пратеници да поднесеме барање за поништување на овој закон и за носење на нов. Но владејачкото мнозинство треба да го осети притисокот на стотици илјади Македонци кои што ќе го дадат потписот за поништување на нивниот закон за попис. Законската процедура вели може и еден пратеник да поднесе барање за носење на нов закон, според Уставот и според граѓански потписи тоа треба да биде 10.000 граѓански потписи, но јас велам што поголем притисок од оние што значат избирачи од каде што лежи легитимитетот на оние што седат во Парламентот, толку ќе биде посилен притисокот кон нив, да го повлечат ова решение, посочи Стоилковски.

Стоилковски најави дека кон крајот на неделата или почетокот на наредната недела ќе започне иницијативата за собирање на потписи за укинување на законот за попис.