Функционери од СДСМ кријат информации од Антикорупциска комисија, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
„И Заев и неговите послушници од кланот кријат информации од ДКСК, кријат бидејќи се фатени на дело. Повеќе од цел месец функционери не и одговараат на комисијата, кои и каде се вработени нивни роднини. Од Комисијата е побаран список, информација за 23 лица, за роднини со звучни презимиња, а во врска со непотизам, а Антикорупциска обезбедила известувања само за четири од наведените 23 барани информации за функционери“, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Стоилковски појасни дека според Антикорупциска вВо однос на бараните документи кои се однесуваат на другите лица, станува збор 19 од листа од 23 функционери за кои што граѓанско лице има поднесено барање за информации во врска со непотизмот. Констатирано е како што потенцирапе дека Државната комисија не располага со бараните информации/документи.
„Ова е одговор од Комисијата која што е ставена во незгодно да не може да одговори во врска со барањето, доставување на информации и документи од страна на граѓанин до ДКСК! Информации кои што се од јавен карактер и треба да бидат достапни“, рече Стоилковски.
Тој прочита дел од имињата. пратеникот Емилија Александрова од Берово, претседателот на Собранието Талат Џафери, државен секретар на министерство за локална самоуправа Кирил Парталов, а потоа градоначалникот на Општина Новаци, директорот на рудници РЕК Битола Душан Вукадиевиќ, директорот на МЕПСО Сашо Василевски, потоа градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски за вработување на тројца роднини, па градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш за вработување на сопруга, чичко, тетин, први братучеди, една сопруга на братучедите, како и еден внук на градоначалникот. Како и министерот кој што не поднел своја листа до Комисијата за антикорупција, министерот за економија, Крешник Бектеши за вработување на сестрата, Дора Бектеши во МЕПСО.
„ДКСК мора да покаже интегритет, јавно да ги објави функционерите од СДСМ кои што одбиваат да и одговорат, да и бидат доставени нови пријави во однос на вработувањата на своите роднини. Зашто и се обврзани со закон, но и бараме Антикорупциска да покрене прекршочна постапка против овие лице кои спротивно на закон не доставуваат информации“, рече Стоилковски.
Comments are closed for this post.