И повторно медиумите и социјалните мрежи вријат со нов скандал поврзан со рекетарскиот октопод. Според објавеното, доверливи информации од безбедносна служба незаконски биле изнесувани за со нив да се уценува познат бизнисмен. Ова е скандалозно! Дали на тие информации и фотографии имало незаконски дејствија не знаеме, но самиот факт што тие не се процесуирани, туку се предадени на рекет – октоподот говори дека Заев ги има ставено сите институции во функција на лично богатење и политички притисоци, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој прашува:
„Доколку на Вилма Русковска и требаа скоро четири месеци за да отвори истрага за „Рекет“ преку СЈО, колку ќе и требаат за да истражи дали постоеле незаконски дејствија со малолетнички и дали тие се прикриени само со исплата на огромни суми пари?“
Стоилковски го поставува и прашањето кои се блиските соработници на Заев што имале допир со доверливи материјали во поранешната УБК, а кои што се неговите функционери кои се материјали можеле да му ги достават на Боки 13?
„Досегашното искуство вели дека нема зошто да не се верува дека во телефонот на Боки Тредичи пишува „Многу си го обрал друже“. И дека таа порака не е од главата на октоподот! Русковска, постои ли таква порака, од кого е и во кој период е испратена? Ако постои како порака дали е тоа испратена од Зоран Заев?“, прашува Стоилковски.
Тој го обвини Обвинителството за селективност и неделување во расчистување на скандалот „Рекет“. Вели истрагата што се води е целосно корумпирана.
„Правосудството во пупката на Заев игра само на една карта – како да го заштити октоподот и неговата глава?“, вели Стоилковски.
Comments are closed for this post.