Прогонот за Никола Груевски, е прогон мотивиран единствено од политички ниски страсти за омаловажување на ВМРО-ДПМНЕ чиј што почесен претседател е Груевски, посочи денеска портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

Обвинувајќи ја власта, за како што рече Кацарска судството во Македонија кое работи под целосен диктат на Зоран Заев, Стоилковски посочи дека не важат докази, не важат аргументи, туку дека  слепо важат само политичките нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев.