ВМРО-ДПМНЕ денес продолжи со, како што ги нарекува „честитките“ кон власта за успешниот придонес кон европеизацијата на општинските администрации преку вработувања на семејствата и блиските на видни партиски членови, онака како што тоа за власта не е непотизам, туку квалификации.
„Пред да биде вработена во струмичката администрација, без помош од пратеник на владејачката партија, административката мајка (Фани Костадинова н.з.) со сесрдна помош на семејството успешно водела семејни бизниси, кои речиси сите се избришани заради – стечај“, рече денес Наум Стоилковски.
Тој јавно праша дали „новата административка е запишана Сопственичката и управителска улога во ФАНИ – ЕКСТРА ДООЕЛ увоз – извоз Струмица, фирма регистрирана за трговија со пијалоци“, која била основана во 2002 година, а е изгасната со бришење од трговски регистар на 26.09.2013 година.
„Избришана од Регистар, а останува прашањето зошто и поради кои причини“, праша Стоилковски.
Тој потоа праша и дали мајката на Костадинов е и косопственик со своите деца на ДОО Фани Логистик Струмица, фирма која се занимава со трговија на големо со пијалоци за која е поведена стечајна постапка во 2017 година. Под знак прашање е ставена и фирмата Деликатес Фани ДООЕЛ, избришана од судски регистар по решение за стечајна постапка, фирма која не ги намирувала обврските.
„Дали новата административка има врска со фирмата ИНТЕР МЕТАЛ МЕТАН ДООЕЛ Струмица, повторно регистрирана од сопругот и татко Костадинов, за која што во 2017 година е поведена стечајна постапка и истата е избришана од Трговски регистар“, праша Стоилковски, и потенцираше – „по низа вакви фирми избришани од Регистарот, прашањето е дали тие намерно се воведувани во стечај? Или дали можеби станува збор на пример за намерно доведување на фирми во неликвидна состојба фирми за лична добивка“?
Паниката и стравот од обелоденување на вистината внатре во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од очигледно, одговори Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, по обвинувањата за непотизам.
„Јас накратко само би коментирал она што е веќе познат мој став, дека во Македонија правата и обврските се еднакви за сите, а истото тоа важи и за членовите на моето семејство. Овие очајнички обиди да ме спречат во обелоденување на вистината, штитењето на јавниот интерес од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да успее“, рече Костадинов.
Comments are closed for this post.