Обвинителството мора истрагата за рекетот да ја прошири и на невладината организација „Меѓународен Сојуз“, на првообвинетиот Боки 13 и да испита дали и каква улога имала оваа организација во изнудата, заканите и рекетот кој што се правел, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Обвинителството мора истрагата за рекетот да ја прошири и на невладината организација „Меѓународен Сојуз“, на првообвинетиот Боки 13 и да испита дали и каква улога имала оваа организација во изнудата, заканите и рекетот кој што се правел. Јавноста веќе објави дека индиректно оваа невладина организација добивала сомнителна трансакција есента 2017 година во висина од 750 илјади евра од битолски бизнисмен. Внимавајте овој бизнисмен кој поседува градежна фирма платил толку пари на една повозрасна госпоѓа за идеја за изградба на социјални станови. Тоа му доаѓа како за идеа за топла вода да се плати стотици илјади евра“, вели портпаролот на ВМРо-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој потенцираше дека жената која што се споменува е дел од структурите на организацијата на Боки 13, исто како и голем број на функционери на СДСМ или нивни блиски роднини.
„Да потсетиме во организацијата на Боки 13 членуваат и Фросина Ременски која е почесен претседател во невладината, Костадин Костадинов кој што е портпарол на СДСМ, Енвер Малиќи заменик градоначалник на Град Скопје, Владо Богоев татко на градоначалникот на општина Карпош во Скопје, Стефан Богоев и други“, истакна Стоилковски.
Тој порачаува дека обвинителството мора да открие колку други бизнисмени платиле огромни суми на оваа организација под сомнителни околности и која била улогата на функционерите на СДСМ во делувањето на Боки 13.
„Целата вистина за октоподот е невозможно да се открие без сознанија и за тоа кои се Кики, Фрики, Шеки, Раки и сличните раскажани ликови. Јасно е како ден дека Боки 13 сам без заштита од власта и без поддршка од институциите не можел да изнудува огромни суми на пари“, рече Стоилковски.
Comments are closed for this post.