Цела недела откако експлодираше аферата Рекет2, Венко Филипче никаде го нема. Министерот Филипче има кривична против него, по кој знае кој пат има афера за криминогени дејства, овој пат се споменува во Рекетирање, ама тој не чувствува потреба да излезе во јавноста, коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Колкава ли сигурност за недопирливост му е всадена, што ли е пораката од Главата на Октоподот за ваква леснотија на министерувањето на Филипче? Така ли е Филипче? „Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“? Истрагата за Рекет2 не смее да биде забошотена. Ден Дончев и Венко Филипче мора да си поднесат оставки затоа што од позиција на моќ може да влијаат врз работата на истражните органи, може да влијаат врз докази и сведоци. Истрагата за Рекет2 не смее да тапка во место, вели тој.
Стоилковски порачува дека брзо мора да се одговори:
- Дали зад намерата на Ден Дончев и на Венко Филипче да се сопре продажбата стои изнуда на пари и месечни транши кај благајник со брада во струмичко?
- Дали Дончев комуницирал или на некој начин бил во контакт со Зоран Милески Кичеец?
- Дали преку него е вршен притисок приватна успешна компанија да биде продадена на лице по волја и избор на Дончев? Дали и за тоа мотивот се месечни транши кај благајник со брада во струмичко?
- Зошто ако имало криминал ФЗОМ продолжил со соработката со компанија за која се сомнева дека има криминал?
- Кој е благајникот со брада во струмичко?
- Дали е злоупотребена и вмешана Управата за финансиско разузнавање?
- Дали зад истрагата за наводен криминал и смрзнувањето на капиталот на приватен бизнисмен не стои рекетирање и зошто нема никакви резултати од таа истрага и по година дена?
- Дали Зоран Заев бил запознаен со притисокот врз приватниот бизнисмен и доколку е запознаен, дали го аминувал односно зошто не го пријавил Рекет2 кај Рускоска?
- Дали македонското МНР и Никола Димитров биле запознаени за Рекет2 од странски дипломат и во тој случај зошто тоа го пријавил кај Рускоска?
-Ден Дончев е познат на јавноста и на правосудните органи заради вмешаност во трансакции кои беа дел од процеси. Венко Филипче за две години министерување зад себе има низа на криминогени афери за сомнителни тендерски постапки, како крвави тендери, одобрени договори со семејни компании на директори на клиники, постапки кои го девастираа здравството. Зоран Заев е неколкукратно амнестирано лице за криминал и корупција. Истрагата мора да биде професионална и да докаже дали има злосторничко здружување. Рекет2 е ново продолжение на Рекет1, на Леонардо, на случаи на висока корупција на државната мафија, на октоподот на власт. Во Македонија економијата живее во страв од секојдневни нови рекетирања испорачани од власта. Тоа мора да запре, мора да има одговорност, мора да има правда. Со државната мафија на власт тоа е невозможно. Неопходни се предвремени избори, за Македонија да биде држава каква што народот заслужува. Горда, исправена, силна, напредна и праведна, порача тој.
Comments are closed for this post.