Ноќеска во 02:15 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, С.В.(60) од Кичево, управувајќи патничко возило „опел корса“ со кичевски таблички изгубил контрола над возилото и излетал од патот. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото, Ј.В.(54) и Б.А.(32), двајцата од Кичево, кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Кичево каде им е укажана лекарска помош. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица во Кичево.N