Судијката Лорета Георгиева од Струмица, сопруга на директорот на комуналното претпријатие во градот и десна рака на Зоран Заев, влезе во судскиот совет.

Пред неколку дена од тука на прашање од јавноста изразивме сомнеж дали изборот за член на Судскиот совет не е завршен пред време, односно дали не се чува место за Лорета Георгиева од Струмица? И покрај тоа бесрамно беше истуркан изборот на судијката Лорета Георгиева. Имено станува збор за судијка, сопруга на првиот човек на Зоран Заев во Струмица, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој потенцираше задача на Судскиот совет е да избира, унапредува и разрешува судии во сите степени на судството во Република Македонија.

Ова е очигледна надоградба на нарачаното „Кацарска судство“ и нарачаното „Рускоска обвинителство“ во Република Македонија. Очигледна е задачата, по партиски налог да се казнува и да се разрешува. Задача на Судскиот совет, за појаснување е да избира, унапредува и разрешува судии во сите степени на судството во Република Македонија, рече Столковски.