Зоран Заев и картелот на власт тонат во криминал и колку повеќе го губат тлото под нозете, толку повеќе расне притисокот и злоупотребата врз институциите за да ја замолкнат опозицијата. Апсењето и притворањето на Димитар Димовски и Дејан Митески е акт на страв на СДСМ и ништо повеќе. Притворот за Димовски и Митески, но и на службеничката во Министерството за транспорт и врски, Анета Јорданова, е акт на политички прогон изживување и терор врз неистомисленици на кланот на власта, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Доколку имаше криминал, немаше да се чека дури три години за да се покрене случај. Доколку имаше криминал немаше само за нив да има притвор меѓу 11 осомничени. Притворот е политички определен за да се задоволи барањето за политички прогон, за политички хир и за обвинителство кое секојдневно покажува дека е тука за да замижува и да ги заштитува криминалите на Зоран Заев, задоволувајќи ги притоа неговите нарачки, вели Стоилковски.
Comments are closed for this post.