Изјавата на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај дека во Македонија, Црна Гора и Хрватска разговарал за пакт против Србија беше повод лидерот на ДПС Иван Стоиљковиќ преку фејсбук статус да му се обрати на премиерот Заев. Тој го запраша Заев на чија страна е, чии интереси застапува, дали е за регионална соработка или го поддржува големоалбанскиот шовинизам.

Бидејќи никој нема храброст да го праша претседателот на Владата за неговата политика и ставот на неговиот владин кабинет во однос на најавеното учество на Македонија во создавање на ‘пактот против Србија’, еве јавно го повикувам да одговори и да ја информира македонската јавност во однос на ова многу едноставно прашање: На чија страна сте Вие господине Заев и чии интереси браните и застапувате? На Република Македонија или на големоалбанскиот шовинизам? Дали застапувате регионална соработка и стабилност или по теркот на фашистичкото минато ја впрегнувате Македонија во отворено непријателство кон српскиот народ и Србија“, напиша Стоилковиќ.