Техничкиот премиер Оливер Спасовски за Федералната телевизија на БИХ нагласи дека Македонија зазеде став да дозволи влез на мигранти на својата територија и дека ќе спроведува политика на нула толеранција во однос на евентуалните обиди мигрантите да ја преминат границата.
Без разлика на корона кризата, ја следиме внимателно и таа ситуација, но главно нема разлика во однос на нашиот став. Во однос на мигрантската криза, Македонија ја градеше својата политика на две основи – едната е европската политика во делот со справувањето со мигранти, а другата е регионалната соработка, односно политика која е заедничка со земјите од регионот. Нема справување со било каков мигрантски бран ако сите земји заедно не носат заеднички ставови и одлуки и ако не соработуваат меѓу себе, рече премиерот Спасовски во гостувањето во емисијата „Одговорете им на луѓето“ на Федералната телевизија на Босна и Херцеговина
Comments are closed for this post.