Владата на вчерашната седница за в.д. директор на Фондот за здравство го назначи 36-годишниот Стево Крстевски од Велес, актуелен советник од Коалицијата на СДСМ во сегашниот состав на Советот на Општина Велес, и сопственик на Книговодствено биро и консалтинг во Велес.
Крстевски за МИА изјави дека очекува решението да го добие во петок, по што и официјално ќе стапи на функција.
Неговата нова функција е неспоива со советничкото место и тој треба да биде разрешен од функцијата советник, а на негово место да биде избран нов член во Советот на Општина Велес од коалицијата на СДСМ.
Comments are closed for this post.