По објавувањето на најновата аудио снимка што ја објави „Ла Верита“, во која се споменувга и нејзиното име, со реакција во јавноста излезе обвинителката Лиле Стефанова, која е и предметен обвинител во случајот „Империја“. Стефанова вели дека нејзината изјава е со цел да се спречи ширењето на големиот број шпекулации во врска случаите „Империја“ и „Рекет“.
Таа тврди дека е лага објавата на осомниченито Јордан Камчев, кој, според неа, се обидува да ја компромитира.
Во август 2018 година, осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обидоа да извршат влијание врз текот на истрагата за ’Империја‘, користејќи го моето пријателство со господинот Ванчо Чифлиганец, кој сам дојде во просториите на СЈО. На таа средба само праша за што се води истрага околу неговите пријатели Јордан Камчев и Цветан Панделески. Јас му одговорив дека за истрага не можам да зборувам. Тука се затвори темата засекогаш. Во понатамошниот тек на постапката, повеќе ниту едно лице од мене лично не побарало ништо во врска со овој предмет ниту пак ми било познато дека такви барања се насочени кон Катица Јанева“ – вели Стефанова.
Обвинителката тврди дека во неколку наврати не се согласувала со одлуките на Јанева за случајот „Империја“, како и дека Јанева во април барала да запрат „Империја“ и „Поштенска банка“, а осомничените да поминат без затворски казни, само со враќање на пари на државата.
Во предметот „Поштенска банка“ главни осомничени се Томе Главчев и Ратко Димитровски.
Comments are closed for this post.