Ве повикуваме на протести денес, за тоа што утре може да биде доцна. Овој викенд имало разговори помеѓу владини преставници на Бугарија и Македонија кои се одвивале во Софија. Овие информации ги потврдува и Зоран Заев кој во изјава за ТВ 21 вели – „На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара”.

Од изјавите на Заев дознавме дека не тој, ама високи функционери викендов биле во директни преговори со соседна Бугарија. Истиот тој Заев, последниве три години нè убедува дека сите прашања со соседите се затворени. Тогаш за што се преговара?, истакна на денешната прес конференција, Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Очекуваме јавен одговор на прашањето – кој и што преговарал викендов во Софија? Дали се преговара дека Македонците се преобразени Бугари или нео-Југословени? Дали ние сме вештачка творба? Дали македонскиот јазик има или нема бугарски корени? Дали трговецот – премиер во заминување Заев на овој начин ја продава Македонија и за какви интереси? Зошто оваа средба се држи надвор од очите на јавноста? Зошто Костадинов лажеше дека нема средби кога неговиот лидер потврди дека имало?, прашува тој.

Заев го смета македонскиот народ за експериментална нација, која може да прифати сè што ќе и се сервира на маса. Прифаќајќи патокази и анекси, Заев го поплочува патот кон поразот на македонскиот идентитет.
Ветувања кои сте ги давале кај високи функционери во Софија, сега морате да ги испорачате, вели Андоновски.

Затоа го повикуваме македонскиот народ на протести. Масовни протести. Во секој град, во секое село. Продолжуваме, сите заедно за да не биде предоцна. Да излеземе на улиците, почитувајќи ги здравствените мерки и заштитувајќи се себеси и најблиските, и на мирен и демократски начин, да им покажеме дека сме горди, достоинствени Македонци кои не отстапуваат од своето. Денес ве повикуваме да ни се приклучите во Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Струмица, Гевгелија, Неготино, Крушево, Македонски брод, Кичево, Гостивар и Струга. Заев не испорача ништо добро за Македонија и мора да си оди. Ова може да се сопре само со протести на народот. Оставка на Заев, за слобода на народот, дециден е Андоновски.