Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Илхан Ќучук, известител за Република Македонија во Европскиот парламент.
На средбата беа разменети мислења за напредокот на државата во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, а во пресрет на усвојувањето на Резолуцијата на Eвропскиот парламент за Извештаите на Европската комисија за Македонија за 2019 и 2020 година, подготвена од известителот Ќучук.
Претседателот Пендаровски изрази благодарност за контиунираната силна поддршка од Европскиот парламент за процесот на проширување, како и за ангажманот на известителот Кјучук.
На средбата претседателот Пендаровски оцени дека резолуцијата на ЕП е важен документ кој треба да ја одрази реалната слика за постигнатите реформи и политичката ситуација во земјата, како и да посочи на прашањата на кои треба да се фокусира државата во следниот период.
Претседателот Пендаровски го повтори очекувањето за скорешно одржување на првата меѓувладина конференција, со што ќе се означи официјалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Отпочнувањето на преговорите, според претседателот Пендаровски, ќе биде дополнителен мотив за понатамошно спроведување на неопходните реформи. Билатералните прашања, според претседателот Пендаровски, треба да се решаваат во духот на добрососедството и на европските вредности.
На средбата беа разменети мислења и информации и за актуелните состојби во државата и во поширокиот регион.
Comments are closed for this post.