Прашан дали има коментар за претседателот Ѓорге Иванов, кој кога беше прашан дали очекува негово апсење, неговиот одговор беше „ништо чудно“, премиерот Заев забележа дека е „срамно да дава коментари за вакви работи”.
Не знам се уште во кој свет одредени луѓе живеат, а така ќе го прашам и претседателот Иванов. Каде во светот, власта извршна апси, власта извршна истражува, власта извршна прави обвинителни акти или слично? Тоа е надлежност на Основното јавно обвинителство и на судството во Република Македонија. Веројатно бевме навикнати од претходната власт дека тоа е едно исто. Не е исто. Јас сум генерално против притвори, јас сум генерално за транспарентни процеси. Јас сум за помирувањето во Р.Македонија. Јас ги преземам чекорите, секако, со многу други чинители и од владејачкото мнозинство и од институциите на системот, и верувам дека во тој дух треба да продолжиме, рече Заев.
Comments are closed for this post.