Лажните вести и измислиците пласирани денеска покажуваат колку е голем очајот во антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ,одговорија од СДСМ на прашањата кои денеска ги постави портпаролот на ВМРO-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој побара Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата.
Сите овие лаги се демантирани. Впрочем и самата компанија (Секе ДООЕЛ) уште во текот на вчерашниот ден, категорично демантираше било какви поврзаности со споменатиот бизнисмен од Русија, како и со Владата, стои во реакцијата од СДСМ.
Во партиската реакција се додава:
Со лажни вести не може да се покрие вистината дека антинародниот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Никола Груевски.
Comments are closed for this post.