Вкупно 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на секој од авганистанските бегалци, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава зашто бројката постојано се менува, а дел од оние кои вчера требало да пристигнат се откажале и заминале на други дестинации, информираше денеска премиерот Зоран Заев.
Со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, истакна Заев, ќе покажеме дека и мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака во најтешките моменти.
Премиерот дополни дека од авганистански граѓани прво ќе стигат миротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години опслужиле 3.500 македонски војници.
Comments are closed for this post.