Фантом фирмата Стабри Интернешенал преку која Заев и Филипче сакале да книжат провизии од кинеските вакцини е регистрирана на на 22 септември 2017 година, само 3 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев во 2017 година, објави Мите Лефков од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на која презентираше документи од Централниот регистар на Хонг Конг.

 

На фантом фирмата Стабри Интернешенал според нашите документи и се префрлени 12.5 милиона долари за 200.000 вакцини, односно Заев и Филипче на оваа фирма и платиле 100% повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини. Имено додека цел свет купува кинески вакцини за максимум 30 долари Заев и Филипче платиле 62.5 евра. Или што би се рекло на струмички 30 за Синофарм, 30 за Вицето, рече Лефков.

Лефков прашува како Стабри Интернешенал, фирма која има само тројца вработени, успева да го убеди Филипче дека ќе набави кинески вакцини, кое е портфолиото на фирмата и дали тој ја истражил пред да оствари во соработка.

 

Од документите кои ги имаме се гледа дека фирмата е формирана со само 10.000 Хонг Конг долари основен капитал, односно 1.000 евра. За јавноста да сфати, ова е единствената гаранција која истата ја има и е јавно достапна, а е депонирана како основачки капитал. Според информациите од Централниот регистар истата нема други средства. Очекуваме ЈО да ги земе во предвид сите документи и информации објавени во медиумите, како и овие денес, и да ја отвори истрага веднаш, рече Лефков.