Не знам, може ќе бидам на одмор тогаш, беше краткиот одговор на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите.

Министерот беше прашан на која функција ќе биде на 1 јуни, кога и официјално ќе почне новата Агенција за внатрешно разузнавање.

Со тоа, тој избегна да одговори дали ќе биде консезуален кандидат на власта за претстојните претседателски избори.