Безбедноста во Македонија се зголеми кога ВМРО-ДПМНЕ си замина од власт и многу е лесно да се шират лажни вести за што сте експерти.
Вака одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на обвинувањето на пратеничката Лилјана Затуровска за нарушената безбедност во државата.
Лажна вест е дека се исчезнати лица и со тоа се шири лажна фама. Во 2014 година имаше исчезнати 554 а во 2018 година 370 лица – изјави министерот.
Министерот образложуваше дека е намален број на убиства, разбојништва, трговијата со дрога и кражбите во споредба со времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.
Comments are closed for this post.