Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели согласно уредбата, што неодамна ја донесе Владата, двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, таму каде што официјалниот јазик е албанскиот. Амблемите, нагласи, нема да бидат двојазични за централните служби и единиците кои се на ниво на држава.
-Таму каде што на локално ниво се работи, значи за амблемите на униформа на локално ниво во градови каде што официјалниот јазик е албанскиот јазик. Значи, на централните служби кои се однесуваат за цела држава, нема да има никаква промена во делот на уноформите. Сходно на тоа и на единицата „Тигар“ и на Единицата за брза распределба, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање.
Тој додаде дека се остава период од една година за имплементација заради тоа што има постапка за трошењето буџетски пари.
Comments are closed for this post.