Собранието ги констатираше оставките на Андреас Мајерхофер и Зоран Китанов од позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото со примена почнувајќи од 30 мај 2023 година, стои во Предлог Одлуката на Македонски Телеком АД Скопје објавена на Македонска берза.
Владата ги предложи Германката Данијела Брујиќ и aдвокатот Игор Милев.
Тој на позицијата во Телеком доаѓа откако на почетокот на годинава го напушти советничкото место на диркеторот на Царинска управа, каде што помина пет години и важеше за „директор во сека“. На позицијата дојде веднаш по формирањето на првата влада на Зоран Заев, на кој своевремено му беше и бранител. Тој е сопруг на апелациската судијка Тања Милева, член на СДСМ, градоначалник во обид на Радовиш, а бил и член и на Државната изборна комисија.
Милев ќе заработува надомест од 372.000 денари или околу 6.000 евра колку што заработуваше Зоран Китанов како неизвршен член на ОД.
Китанов, кој исто така е близок човек на Заев, на функцијата беше назначен во декември 2020 година, но сега најверојатно ќе се посвети на својата нова компанија за проектирање, изградба и одржување на фотоволтаични системи, „К-Пауер Дооел“.
Comments are closed for this post.