Адвокатот Драган Дангов на денешната јавна седница на Апелација за случајот „ТНТ“ го искоментира однесувањето на судијата Огнен Ставрев кој во меѓувреме почина. Дангов е убеден дека Ставрев не јја пишувал пресудата и оти тоа едноставно не е негов „ракопис“.

За починатите се најдобро но треба да мислиме и на неправедно осудените. Ставрев не ја пишувал оваа пресуда и во тоа сум убеден. Тој многу се мачеше со овој предмет и во пресудата има делови кои воопшто не се споменуваа на судењата-објасни Дангов.