Сопругот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за 927 000 денари или околу 15 000 евра купил оф роуд моторно возило. Тоа како што пишува СКУП е наведено во најновиот анкетен лист на Шекеринска кој може да се најде на страната на антикорупциската комисија.
Возилото BRBCAN AM Outlander MAX XT-P1000 T 3 B ABS најчесто се вози по планински терен. Шекеринска во изјава за СКУП вели декаа е купено на кредит.
Се работи за ново моторно возило, уредно пријавено како нов стекнат имот на брачен другар, во вредност од 927.000 денари, за чија исплата, како што е наведено во образецот на ДКСК за пријавување промени на имотната состојба, е подигнат потрошувачки кредит со рок на подмирување до 2024 година, велат од кабинетот на министерката Шекеринска.
Во истиот текст е наведено дека министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го зголемила својот имот за шест пати во рок од само една година. Според анализата во рамките на проектот Политички Експонирани личности, на нејзиниот пријавен имотен лист од септември 2018 година, вреден 212.990 евра, се додадени ставки вредни 1.378.607 евра, со што нејзината моментална имотна состојба изнесува 1.591.597. евра.
Од Министерството објаснуваат дека станува збор за надополнување на анкетниот лист со имот на родител, со кој Царовска не живее заедно.
Освен земјиштето во Јастребник кое што е ново стекнато, сите други ставки во анкетниот лист се надополнување. Надополнувањето е направено за поголема транспарентност, иако по Закон не треба да се пријави бидејќи станува збор за имот на родител со кој министерката не живее во исто домаќинство“, велат од министерството.
Comments are closed for this post.