На малиот Петар најмногу му недостасува мајката за новогодишите празници. Мајката Гордана Јанкулоска поради дискриминацијата на која е изложена не може да биде со својот син ниту за викенд или празници, се жали нејзиниот сопруг Влатко Илиевски во интервјуто за „Република“.
Јанкулоска и сите осуденички од женски пол се дискриминирани во поглед на користењето на погодности како осуденички. Има неусогласеност помеѓу правилникот за распоредување и разместување на осудените лица со законот за изршување на санкции, а од друга страна фактот што осудениците од женски може да издржуваат казна само во „Идризово“ кој што е од затворен тип, за разлика од мажите кој можат да бираат каде ќе отслужуваат ги става во нееднаква положба односно ги дискриминира. Поднесов и претставка до Комисијата за заштита и спречување на дискриминација и се надевам дека и тие ќе најдат доблест да реагираат. Станува збор за оние осудени лица против кои се водат и други постапки.Користењето на погодностите како што се викенди или посети надвор од установата, одмор, работен ангажман тие се поврзани со условот да не се водат други постапки. Ваквиот услов е спротивен во помеѓу одреби со законот за извршување на санкции па и со презумција на невиност затоа што голем број од тие од тие постапки можеби ќе завршат со осободителна пресуда. За разлика од нив, овие услови не важат за мажите-објаснува адвокатот Илиевски во интервујото за „Република“.
Тој открива и како се држи Јанкуловска во затвор.
Таа е фајтер по природа, не поткекнува и се држи со оглед на тоа во какви услови е сместена.Во одлична е психофизичка кондиција, чита книги, вежба, се труди да да ги следи сите актуелности во државата.Не потклекнува.
Илиевски го објаснува и предметот „Таргет-Тврдина каде исто така Јанкуловска е обвинета.
За дел од обвинетите во овој случај постои ризик од застарување, но тоа не важи за сите. Гордана е обвинета по член 353 каде што застарувањето е 20 години. Треба некој да се запраша како обвинителството во овој предмет кој се однесува на прислушувањето дозволило некој да биде обвинет со обвинителен предлог за кој делото застарува за пократко време.Зошто да се амнестира обвинителството од ова-нагласува Илиевски.
Илиевски е застапник и на случаите во Стразбур од каде има големи очекувања.
Очекувам да има пресуда во следните месеци.За случајот „Тенк“ пресудата не би значело ништо бидејќи за неа немаше аболиција, но ќе се однесува за „Таргет-Тврдина“ и за „Титаник“ каде што Јанкуловска исто така е обвинета бидејќи за нив постоеше аболиција.Постојат повеќе варијанти: Eдната е да се донесе одбивателна пресуда бидејќи делата се предмет на аболиција. Друга опција може да биде преквалификација на обвинението.Станува збор за несекојдневен предмет затоа што обично секогаш кога има жалба пред Стразбур да има правосилна пресуа што овде не е случај бидејќи со аболицијата не ни требало да се води таква постапка.Нема пракса за ваков вид на предмет но јас сум убеден во нашите аргументи и очекува позитивен исход.
Илиевски открива и дали неговата сопруга имала понуди, убедувања или обиди за пазарење да биде помалку и воопшто да не биде осудена.
Имаше пријателски убедувања дека доколку заземе одредени ставови може да помине подобро и полесно.Немаше некои конкретни понуди и предлози.Меѓутоа ни беше дадено дознаење дека постои поинаков начин да се решат овие случаи бидејќи ако сме искрени сите предмети на СЈО се политички инспирирани обвиненија и доколку постоеше посилен консензус помеѓу партиите меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ да поддржат измени во Уставот немаше да дојде во финализирање на овие предмети.
Илиевски не се надева на помилување на неговата сопруга од страна на претседателот Пендаровски.
За тоа има можност ако има волја но не сум сигурен дека има. За разлика од Гордана има многу други осудени лица по критерум нејасен редовно добиваат помилување по неколку пати.. Постојат двојни стандарди, комисијата за помилување го нема потребниот интегритет.Искрено не сум голем оптимист а згора на тоа кога постојат други актуелни постапки помала е шансата дека ќе има помилување.
Илиевски раскажува и како синот Петар ја поднесува разделеноста од мајката.
Петар има право трипати во месецот по еден час да ја види во услови кои не се соодветни за дете.Фактот што јас сум самоваботен не ми дава многу простор да си го планирам времето и малку имам време да поминам со детето..Среќа тука се моите најблиски кои се трудат да му ја дадат таа љубов која не може да му се пружи од мајката.Секој миг го користам да поминам време со него-објаснува таткото на малиот Петар.
Comments are closed for this post.