Кој и го издал боледувањето на Катица Јанева? Матичниот лекар или директорката на психијатриската болница-Негорци ? Дали Јанева добила 30 дена боледување или 15?
Во СЈО Јанева рекла дека боледувањето и го издал матичниот лекар, а според одредени медиуми боледувањето и било издадено од Љуба Цилкова – директорката на психијатриската болница-Негорци. Инаку Цилкова е сопруга на Методи Цилков, кој е вработен во СЈО. Како што пишуваат дел од медиумите Цилкови и Јаневи се и соседи во Гевгелија.
Боледувањето кое Јанева го отворила било од матичен лекар за 15 дена, а не за 30, велат од СЈО. Од друга страна пак од фотографијата која ја објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски се гледа, дека боледувањето е во период од 30 дена, односно од 16 јули до 15 август, со што пратеникот го отвори и прашањето како може да се даде боледување од толкав период без пациентот да оди на комисија. Според објавата од пратеникот боледувањето е дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство.
Јанева отвори боледување на 16 јули, ден откако ја објави својата одложена оставка и откако беше отворена истрагата за случајот „Рекет“. Истото, сама го прекина на осмиот ден, на 23 јули, кога се врати на работа и првпат се појави во јавност по избивањето на аферата.
Comments are closed for this post.