На автопатот Гостивар – Тетово, во близина на гостиварската наплатна рампа, се случи сообраќајна несреќа. Три лица се повредени и се веднаш префрлени во болницата во Гостивар.

Според СВР Тетово, околу 12 часот и 20 минути во близина на гостиварската наплатна станица се судриле две патнички моторни возила со гостиварски регистарски таблици, „ауди A 3“ , што го управувала 23-годишната гостиварка М.Т. и „БМВ“, управувано од 59-годишниот гостиварец Ш.З.

Двајцата возачи и сопатничка од „аудито“ A.J. (30) од Гостивар се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

По наредба на јавен обвинител, СВР Гостивар изврши увид на местото на несреќата.

Пред два дена на истиот патен правец се случи тешка сообраќајка во која животот го загуби едно лице, а тројца завршија во болница.