Идејата на грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, за балкански воен пакт, во кој би влегле Грција, Бугарија, Албанија, Македонија и подоцна Србија, звучи пофантастично и од ново продолжение на „Невозможна мисија“.
Ова го пишува колумнистот на бугарски „24 часа“, Росен Петров во текстот со наслов „Балкански пакт по грчки-невозможна мисија“, во кој, меѓу другото, тој потсетува дека на Балканот, балканските пактови секогаш пропаѓале, зашто тие, во суштина, секогаш биле антибалкански.
Споменувајќи ги двата досегашни пакта од 1934 и 1953 година, авторот потенцира дека нивниот недостаток е што тие се правеле под притисок и вмешаност на некоја од големите сили, што неминовно водело кон контрадејство на друга од големите сили. И тогаш, наместо обединување, следувале војни.Така, Балканот и не осознал каква сила би бил ако е обединет по сопствена волја, а не како проект на Русија, Германија или САД.
Воопшто, според авторот, чисто историски, балканскиот сојуз е убава илузија од која најчесто страдала токму Бугарија. На крајот од текстот авторот пишува:
„Меѓу другото, Каменос понекогаш ја кажува и вистината. Неодамна тој изјави дека е крајно време „скопјаните“, демек Македонците, да осознаат дека се Бугари. Тука целосно го поддржувам. И бидејќи идејата за нов балкански пакт беше промовирана од него како план Б за Македонија, можеби ние треба да предложиме план В. Планот е многу едноставен. Македонија се припојува кон Бугарија како област со посебен статус и автономни права и на тој начин станува членка и на НАТО и на ЕУ. Брзо, чисто и лесно“.
Comments are closed for this post.