Собранието денеска ја продолжува расправата за нацрт-уставните амандмани. Ќе се расправа за третиот уставен амандман со кој Македонија се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
Викендот беа усвоени два нацрт-амандмани.
Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на “посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.
Со вториот се предвидува во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ да се заменат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.
По изгласувањето на нацрт – амандманите и завршувањето на оваа фаза, Владата како предлагач на измените треба да организира јавна расправа, по што ќе следува третата и последна фаза од уставните измени, кои се прават во согласност со Договорот од Преспа.
Со почетокот на расправата за уставните амаднмани пред Парламентот почнаа протести и поставени се шатори. Граѓаните кои веќе трет ден се на улица бараат од пратениците да се откажат од менување на Уставот и промената на уставното име на Република Македонија.
Comments are closed for this post.