Собранието на почетокот на денешната седница ја констатираше оставката на претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска.
Претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека до почетокот на седницата, Димитровска го известила Собранието дека ќе ја образложи оставката.
– Собранието врз основа на член 121 став 2 од Деловникот на Собранието констатира дека ѝ престанува функцијата претседател на Државната комисија за спречување на комисијата – истакна Гаши.
По констатирањето на оставката на Димитровска треба да се состане Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување јавен оглас за нов член на Антикорупциската комисија. Постапката за избор на нов член на ДКСК треба да започне најмногу десет дена откако Собранието ја констатира оставката.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 18 јули годинава, поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации.
Comments are closed for this post.