Собранието експресно ги усвои законските измени за одлагање на пописот и за Изборниот законик.
Измените на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите беше усвоен со 95 гласа „за“ и седум против. Потребите за усвојување на измените ги образложи заменикот министер за правда Агим Нухиу, кој рече дека тие произлегуваат од потребата за имунизација на населението и од актуелната состојба со пандемијата од Ковид-19.
Потребата од усвојувањето на Изборниот законик ги образложи координаторот на пратеничката група на владејачкиот СДСМ, Николоа Митревски. Тој појасни дека таа произлегува од две причини-набавката на фингерпринтерите и поместувањето на датумот за спроведување на локалните избори за втората половина на октомври.
-Ова е знак на демократијата во пракса дека пратениците знаат да ги усогласат ставовите, полу во шега, полу сериозно изјави спикерот Талат Џаери, по изгласувањето на законските измени.
Законските измени беа договорени во понеделникот меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обид за деблокирање на работата во Собранието.
Comments are closed for this post.