Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА членови на собраниската комисија за избори и именувања го отфрлија предлогот од власта на денешната седница да се расправа само за двете точки кои се однесуваат на Програмскиот совет на МТВ и за избор на членови на Агенцијата за медиуми, а за останатите 14 кои беа на дневен ред да се расправа по одморите.
Со 7 гласа против – 6 пратеници од ВМРО ДПМНЕ и еден од БЕСА предлогот беше одбиен.
Комисијата за избори и именувања ја предводи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски што во претходните состави беше место за власта но тој застана на чело на оваа Комисија поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ во 2016 како пратеничка група имаа најмногу пратеници.
Comments are closed for this post.