Власта предводена од ова парламентарно кревко мнозинство на Зоран Заев, сакаат брутално да ја политизираат и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, истакна на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
Тој истакна дека обидите за целосна контрола на оваа власт во секое поле на дејствување го дистигнува врвот.
-Имено, со новиот Предлог закон за изменување на законот за ауди и аудиовизуелни медиумски услуги кои ова парламентарно мнозинство сака да го протне во Собранието и тоа по скратена постапка, предвидува целосна контрола на СДСМ и коалцијата на ова тело. Преку овој предлог закон власта сака целосна цензура и контрола на медиумите во Македонија. Ова го нема ниту во најтоталитарните режими во светот. Со измените на овој закон власта сака изборот на членовите на оваа агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, да се избираат со мнозинство на пратеници во Комисијата за избори и именување, како и при гласање на овој предлог за изменување на законот во Собрание. Власта ги изменува досегашните членови од законот каде што се избираа членови на ова тело со двотретинско мнозинство, да се избираат со мнозинство од 61 пратеник во Собранието, нагласува Петрушевски.
Пратеникот рече дека за иронијата да биде поголема, дел од пратениците на СДСМ кои беа потписници за предлагачи на претходниот закон со кои се предвидуваше членовите да се избираат со двотретинско мнозиство, се предлагачи и на овие промени.
-Пратеници од власта на нивна иницијатива предлагаа пред неколку години изборот на членови да биде со двотретиско мнозинство, за сега истите тие пратеници да се предлагачи на новите измени на овој Закон. Ова е уште еден од многуте докази за лицемерните политики на СДСМ во текот на изминатите години. Омилена дисциплина на оваа власт е контрола и целосна цензура на медиумите. Ова го видовме и пред неколку недели овде во Собранието, како се поделија пари на граѓаните за контрола врз медиуми. Дното оваа власт веќе не го допираа, туку веќе и го пробива. Нема крај на тоталитарниот режим на Зоран Заев и ова мнозинство во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротистави на носењето на овие измени во Собранието на Република Македонија кои се целосно недемократски и на штета на медиумската фела, нагласува Петрушевски.
Comments are closed for this post.