Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг апелираше кон граѓаните да излезат во што поголем број на референдумот, затоа што само така Македонија ќе стане дел од НАТО.
„Ги повикувам граѓаните да излезат на референдумот. Сите членки на НАТО се обврзаа да ве заштитуваат вас, затоа што речиси една милијарда жители се безбедни со нас. Со влезот во НАТО ќе се зголеми економскиот просперитет во Македонија. Погледнете ја Црна Гора, инвестициите пораснаа со влезот. Ви честитам за напредокот што го постигнавте и ве охрабрувам да продолжите со овие реформи. Вратите во НАТО се отворени и само народот може да одлучи дали ќе го изоди тој пат. Вашата иднина е во ваши раце“, рече Столтенберг.
Comments are closed for this post.