Македонија и Германија потпишаа договор за признавање на возачките дозволи. Договорот се однесува на граѓаните кои ги исполнуваат условите според Декларацијата, односно законски престојуваат подолго од шест месеци во другата земја во текот на годината, а имаат важечки национални возачки дозволи и наполниле 18 години.

Тие ќе може да извршат замена на националните возачки  дозволи, со валидни возачки дозволи од земјата во којашто престојуваат. Притоа, нема да бидсат изложени на дополнителни трошоци за повторно полагање на возачките испити или пак обезбедување лекарски потврди и слично.

Договорот го потпишаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и амбасадорот на Германија, Томас Герберих.

Вакви и слични договори веќе имаме со повеќе европски земји како Италија, Шпанија, Белгија, Романија, Чешка, Унгарија, Австрија, со  земјите од регионот, Србија, БИХ, Албанија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, а во завршна фаза се договарањата со Турција, Велика Британија, соседно Косово, како и Австралија и Нов Зеланд.