Во Основниот Кривичен суд – Скопје се објавени пресудите за случајот „Титаник“.
Мартин Протуѓер, поранешен генерален секретар на владата и на ВМРО-ДПМНЕ е осуден на единствена казна од две години условно , доколку во 5 години не стори ново кривично дело.
Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски е осуден на единствена казна на 4 години и 6 месеци затвор во кој му се засметува времето поминато во притвор.
Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи е осудена на единствена казна затвор од 2 и пол години.
Билјана Бришковска-Бошкоски, поранешна заменик-министерка за правда доби условна осуда од 2 години затвор кои ќе ги одлежи доколку во 5 години не стори ново кривично дело.
Comments are closed for this post.