Случајот „Талир“ на најдобар начин ја покажува судско обвинтелската поврзаност и е доказ зошто судството е оценето со најниски оценки во Извештајот на Европската комисија.
Во овој случај во кој се предлагаше конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, Вишото јавно обвинителство констатира дека Основното направило превид и неправилно ја утврдило фактичката состојба, а згора на тоа направило неколку процесни грешки во првостепената постапка.
Ниту една од страните не никогаш не пријавила или не изразила незадовлство во однос на договорот, односно не се чуствувале оштетени.
Затоа адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за познатиот предмети Талир.
Треба да се напомене дека иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата.
Во дописот во кој точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз постоечки правни норми туку на политички флоскули и обвинувања,
Од дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Имено, судот а по предлог на Јавното обвинителство пресудува дека ГП Бетон врши јавни услуги и заради тоа не можел да склучи договор со политичка партија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски коментирајќи го овој случај истакна дека поради политички причини партијата се држи во заложништво од политичко-судска спрега со цел да се прави притисок.
Јавниот обвинтел процесот го подели на два дела, односно констатирани се пропустите на пресудата и Обвинтелството во прв степен и измените во КЗ кои не импицираат кон правното лице туку кон лицата кои што се дел од овој процес. Но, мора да бидеме внимателни-објасни Мицкоски во „Само интервју“.
Comments are closed for this post.