По цели 26 години, главниот град повторно доби слончиња кои од денеска ќе ги дружат останатите животни.
Околу 10.000 посетители пристигнаа во Зоолошката градина. Со ова скопската ЗОО го сруши рекордот на посетеност.
Слониците во Скопје пристигнаа од Белгија, едната е африканска, а другата азиска.
Дуња е шумски индиски слон и има 48 години. Нејзината верна пријателка 29-годишната Даела припаѓа на видот африкански слон кој инаку е најголемиот сувоземен цицач на планетата. И двете биле циркуски слонови кои патувале на многу фестивали низ цела Европа.
Comments are closed for this post.