Од партијата на Солза Грчева, Глас за Македонија, во пресрет на последното гласање на уставните амандмани врз основа на Преспанскиот договор, порачуваат дека наредната влада ќе има должност да го поништи договорот, кој, како што велат од таму, се заснова на кршење на волјата на мнозинскиот народ, прекршување на постојниот устав, на селективна, наменска, противуставна амнестија.
Пратениците да не се осмелат да ги поништат нашите стекнати права, нашето право на самоопределување. Дали не се свесни дека ја отвораат вратата и за федерализација на државата со постојаните барања на некои албански партии и со променетата преамбула? Одговорноста е на нивни плеќи, на оние кои не ја почитуваа јасната волја на народот на последниот референдум. Последен момент е да не подлегнат на уцени, ветувања, и јавната полза да ја стават пред сопствената, стои во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.