Годината на економски план во Македонија помина со анемичен економски раст и стапка на инфлација од околу 20%, двојно повисока од таа во Еврозоната. Има само едно објаснување за оваа разлика – таа се должи на домашни фактори, пред сé на популистичките политики на Владата предводена од ДУИ и СДСМ за вештачки раст на платите во номинален износ. Сведоци сме дека нивната вредност реално опаѓа, затоа што е неможно да се зголемува животниот стандард на населението во услови на перманентен пад на продуктивноста на факторите во изминативе 5-6 години, вели во разговор за „Локално” Трајко Славески, поранешен министер за финансии и актуелен претседател на Советот на Град Скопје.
Славески го повтори јасниот став на ВМРО-ДПМНЕ дека партијата нема да поддржи промена на Уставот во полза на сосед кој го негира самото битие и правото на постоење на мнозинскиот народ во Република Македонија.
Не мислам дека партијата ВМРО-ДПМНЕ се изјаснила дека би го променила Уставот доколку дојде до избори. Напротив, ставот е јасен – нема промена на Уставот во полза на сосед кој го негира самото битие и правото на постоење на мнозинскиот народ во Република Македонија. Инсистирањето на избори во овој контекст е да им се даде можност на граѓаните самите да одлучат која опција е за нив поприфатлива, таа на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ и нивните сателити на кое не им пречи обезличувањето и тенденцијата кон целосно укинување на Македонскиот народ.
За него е разбирливо премиерот Ковачевски да дава изјави дека 2023-та нема да биде изборна година
Сосема е очекувано тоа што го кажува премиерот Ковачевски. Свесен е дека на следните избори ќе загуби со огромна разлика, но не сум сигурен дека е свесен дека како што одминува времето, таа разлика само ќе се продлабочува. ВМРО-ДПМНЕ на дневна основа реагира на катастрофалното владеење на партиите на власт и влева надеж кај граѓаните дека сепак постои алтернатива на оваа неспособна и корумпирана владеачка гарнитура, која треба што поскоро да си замине.
Иако смета дека земјата се движи во погрешна насока, што е неприфатливо, Славески е убеден дека подобра комуникација и соработка на власта со опозицијата заснована на коректни односи би била во полза на општеството во целина.
Се борам со сиот свој потенцијал за нештата да тргнат кон подобро. Процесот на демократско одлучување е насекаде поставен за да постои контрола врз работата на владата и да се одбегне тиранија на мнозинството.
Comments are closed for this post.