Триесет и три годишниот скопјанец А.Р. доби кривична пријава до Основното јавно обвинителство за кривично дело „разбојништво“, додека неговата 18-годишна сограѓанка Л.А. има обвинение за „помагање“, за грабеж на околу 680.000 денари од просториите на фирмата „Брза пратка“ во Аеродром.
Како што соопшти МВР, на 16-ти овој месец, околу 07.10 часот пријавените со мотоцикл дошле пред просториите на фирмата „Брза пратка” на булевар „Јане Сандански”.
Кога пристигнала вработената и ја отклучила влезната врата, А.Р. влегол по неа и со закана со пиштол и ги одзел парите кои таа претходно ги извадила од банка и мобилниот телефон. По добиената пријава, од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот.
На 27 октомври, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот А.Р. на улица „Тодор Чангов”, каде била затекната и Л.А.. При претресот бил пронајден пластичен пиштол и предмети поврзани со кривичното дело.
Двајцата биле лишени од слобода, а извршено е и препознавање на пријавените од страна на оштетената.
Comments are closed for this post.